MY:Time Club

Зачленувањето во MY:TIME клубот за лојалност е бесплатно и може да се направи во секој MY:TIME продажен салон или онлајн, на нашата веб страна, со кликање на полето ПРОФИЛ.

Секој регистриран корисник на веб страната е регистриран член во MY:TIME клубот за лојалност.

Сите физички лица кои се полнолетни може да станат дел од клубот за лојалност на MY:TIME.

На ПРОФИЛОТ на секој член се евидентираат сите остварени купувања/нарачки во кој било продажен салон или онлајн (при онлајн купување неопходно е да се направи најава со профилот за да се евидентира нарачката/купувањето).

Секој член на клубот може да го провери статусот на достигнатото ниво и остварените поени со најавување на веб страната и селектирање на MY:TIME CLUB во ПРОФИЛ.

Попусти

Секој член се стекнува со ниво на членство во клубот, односно процентуален попуст во однос на потрошената сума.

Ниво на членство Потрошени денари Процентуален попуст за Standard понуда Процентуален попуст за Premium понуда* Времетраење на попуст
MEMBER со зачленување 5% / секогаш
BASIC од 10.001 до 15.000 10% / 6 месеци (180 дена)
SILVER од 15.001 до 30.000 15% 5% 3 месеци (90 дена)
GOLD од 30.001 до 60.000 20% 10% 3 месеци (90 дена)
PLATINUM од 60.001 до 90.000 25% 15% 3 месеци (90 дена)
DIAMOND од 90.001 и нагоре 30% 20% 3 месеци (90 дена)

*Во Premium понудата се опфатени брендовите: Seiko Conceptual Series, Seiko Presage, Seiko Prospex, Seiko 5 Sports, Maurice Lacroix, Edox.

*Во Standard понудата се опфатени сите останати брендови во портфолиото на MY:TIME.

Доколку нивото на членство е пред истекот, потребно е членот на клубот да направи минимална трансакцијa макар и од 100 денари, за да се продолжи истото ниво на членство.

 

Беџови за еднократен попуст

Освен горенаведените попусти, секој член на MY:TIME CLUB се стекнува со поени при секое купување во MY:TIME, односно по 1 поен за секои потрошени 10 денари. Поените може да се искористат за купување на еднократен беџ за попуст. На овој линк види како да искористиш беџ за еднократен попуст онлајн.

Потребни поени за купување беџ Процентуален попуст
во Standard понуда
Процентуален попуст во Premium понуда
500 10% еднократно /
750 15% еднократно 5% еднократно
1.500 20% еднократно 10% еднократно
3.000 25% еднократно 15% еднократно
4.500 30% еднократно 20% еднократно

Пример: Ако членот купил производ од Standard понудата во износ од 15.200 денари има 1.520 поени и -15% попуст затоа што е во SILVER ниво на членство. Поените може да ги искористи за да купи еднократен беџ за попуст и да добие -20% попуст на следната трансакција. Исто така, таа трансакција можеби ќе му помогне да прогресира полесно кон следното ниво на членство.

 

 

Подароци

Стекнатите поени, секој член на MY:TIME CLUB може да ги искористи и за купување на подарок. 

Loyalty Club Gifts

Додадено во омилени
5.000 МКД
Додадено во омилени
4.000 МКД
Додадено во омилени
4.000 МКД
Додадено во омилени
4.000 МКД
Додадено во омилени
2.500 МКД
Додадено во омилени
2.000 МКД
Додадено во омилени
2.000 МКД
Додадено во омилени
2.000 МКД

Дополнителни попусти

За роденден – дополнителни 5% попуст во времетраење од 7 дена, односно едно ниво над постоечкото ниво, а ако е на DIAMOND фиксни 500 поени плус.

За годишнина од зачленување во клубот – дополнителни 5% попуст во времетраење од 7 дена, односно едно ниво над постоечкото ниво, а ако е на DIAMOND фиксни 500 поени плус.

Ограничувања

Попустите стекнати во зависност од нивото на членство, поените стекнати при секое купување во MY:TIME и дополнителните попусти од клубот за лојалност важат единствено за производи кои се по редовна цена. За оние производи кои се веќе на попуст опфатени со тековни поволности овозможени за членови во клубот, се пресметува поголемиот попуст. 

Стекнатите поени и беџови не се преносливи од еден на друг корисник и може да ги користи единствено членот на Клубот кој ги стекнал. Попустите не можат да се комбинираат и/ или собираат. Потрошувачот, помеѓу повеќе понудени попусти, ќе го добие повисокиот од понудените попусти за избраниот производ.

MY:TIME го задржува правото да не додели поени или беџ во случаите кога ќе утврди дека се повредени правилата и условите на Клубот или кој било друг применлив пропис во важност, измама или злоупотреба на членството во Клубот.

 

ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Вашите лични податоци собрани при зачленување во MY:TIME клубот за лојалност се обработуваат во согласност со прописите за заштита на лични податоци. За повеќе информации за обработката на личните податоци, ве молиме прочитајте ја Политиката на приватност.