MY:TIME CLUB DISCOUNT BADGE

УПАТСТВО ЗА ИСКОРИСТУВАЊЕ НА БЕЏ ЗА ЕДНОКРАТЕН ПОПУСТ ОНЛАЈН

Секој член на MY:TIME Club освен со попусти, се стекнува и со поени при секое купување – 1 поен за секои потрошени 10 денари.

Овие поени може да се искористат за купување на беџ за еднократен попуст. Во продолжение прочитај како да го искористиш овој беџ онлајн.

  1. Логирај се на твојот профил со внесување на меил адреса и лозинка. Подетални информации за како да се логираш може да најдеш тука.
  2. По логирањето, кликни на копчето со твоето име во горниот десен агол за да влезеш во твојот кориснички профил.
  3. Кликни на копчето “MY:TIME Club” како што покажува стрелката на сликата.


     
  4. Во табот “MY:TIME Club” можеш да видиш колку поени имаш собрано, како и да го провериш твоето моментално ниво на членство во клубот и какви беџови имаш на располагање.


     
  5. Доколку имаш доволен број на поени, беџовите автоматски ќе ти бидат прикажани во делот БЕЏОВИ од ПОДАРОЦИ / БЕЏОВИ како на сликата погоре.
  6. За да искористиш еднократен беџ за попуст, треба да го внесеш КОДОТ ЗА ПОПУСТ (според примерот од сликата подолу, кодот кој треба да биде внесен е: BEDZ15) во...


     
  7. ... во полето ИМАШ ПРОМО КОД? ИСКОРИСТИ ГО И ЗАШТЕДИ во твојата кошничка, односно:


     
  8. По внесување на кодот, треба да кликнеш ИСКОРИСТИ ПОПУСТ и да видиш дека процентот на попуст ќе се промени во пресметката, како на сликата подолу.


Среќно искористување на беџови за попуст!

*По искористување на беџ, бројот на поени што одговараат на тој беџ ќе се одземат од вкупните поени со кои располагаш.