Зачленувањето во MY:TIME клубот за лојалност е бесплатно. Може да се зачлените во било кој од нашите продажни салони или онлајн со регистрација на сајтот (со самото регистрирање на сајтот станувате член на клубот за лојалност).
Сите физички лица кои се полнолетни може да станат дел од клубот за лојалност на MY:TIME.
На вашиот профил на веб сајтот и на картичката се евидентираат сите остварени продажби во било кој продажен салон или онлајн (треба да сте најавени на веб сајтот кога правите онлајн нарачки). За да проверите на кое ниво сте и колку поени имате, најавете се на веб сајтот и во вашиот профил одберете MY:TIME Club.
Секој член на клубот се стекнува со ниво на членство во клубот, односно процентуален попуст во однос на потрошената сума.
Ниво на членство | Потрошени денари | Процентуален попуст | Времетраење на попуст |
---|---|---|---|
MEMBER | со зачленување | 5% | секогаш |
BASIC | од 10.001 до 15.000 | 10% | 6 месеци |
SILVER | од 15.001 до 30.000 | 15% | 3 месеци |
GOLD | од 30.001 до 60.000 | 20% | 3 месеци |
PLATINUM | од 60.001 до 90.000 | 25% | 3 месеци |
DIAMOND | од 90.001 и нагоре | 30% | 3 месеци |
Доколку членот е на било кое време пред истекот на нивото на членство, потребно е да направи и минимална трансакција макар и од 100 денари за да му се продолжи истото ниво на членство.
Освен горе-наведените попусти, секој член на MY:TIME CLUB се стекнува со поени при секое купување во MY:TIME, односно по 1 поен за секои потрошени 10 денари. Поените може да се искористат за купување на еднократен беџ за попуст.
Процентуален попуст | Потребни поени за купување беџ |
---|---|
10% еднократно | 500 |
15% еднократно | 750 |
20% еднократно | 1.500 |
25% еднократно | 3.000 |
30% еднократно | 4.500 |
Пример: Ако членот купил производи во износ од 15.200 денари има 1.520 поени и -15% попуст затоа што е во SILVER ниво на членство, поените може да ги искористи да купи еднократен беџ за попуст и да добие -20% на следната трансакција. Исто така, таа трансакција можеби ќе му помогне да прогресира полесно кон следното ниво на членство.
Стекнатите поени, секој член на MY:TIME CLUB може да ги искористи и за купување на подарок.
За роденден – дополнителни 5% попуст во времетраење од 7 дена, односно едно ниво над постоечкото ниво, а ако е на DIAMOND фиксни 500 поени плус.
За годишнина од зачленување во клубот – дополнителни 5% попуст во времетраење од 7 дена, односно едно ниво над постоечкото ниво, а ако е на DIAMOND фиксни 500 поени плус.
Попустите од клубот за лојалност важат единствено за производи кои се по редовна цена. За оние производи кои се веќе на попуст, се пресметува поголемиот попуст.
Стекнатите поени и беџови не се преносливи од еден на друг корисник и може да ги користи единствено членот на Клубот кој ги стекнал. Попустите не можат да се комбинираат и/ или собираат. Потрошувачот, помеѓу два понудени попусти (пример: производ кој е веќе на попуст и попуст стекнат во Мај Тајм Клуб), ќе го добие повисокиот од понудените попусти за избраниот производ.
MY:TIME го задржува правото да не додели поени или беџ во случаите кога ќе утврди дека се повредени правилата и условите на Клубот или кој било друг применлив пропис во важност, измама или злоупотреба на членството во Клубот.
Пријави се за Newsletter
string(0) ""
string(0) ""