Како да купите онлајн

БРЗИ ЧЕКОРИ ЗА КУПУВАЊЕ ОНЛАЈН НА WWW.MYTIME.MK

  1. Најавете се или регистрирајте се во MY:TIME Клубот за Лојалност*
    (Доколку не сте најавени т.е. немате кориснички профил, регистрирајте се со клик на копчето ПРОФИЛ во горниот десен агол)
  2. Изберете производ
  3. Додадете го во кошничка со клик на копчето ДОДАДИ ВО КОШНИЧКА
  4. Одете во МОЈА КОШНИЧКА
  5. Кликнете на копчето MY:TIME CLUB 
    (Под одбраниот производ/и има две копчиња: MY:TIME CLUB и ИМАШ ПРОМО КОД? ИСКОРИСТИ ГО И ЗАШТЕДИ. Доколку имате промо код, кликнете го копчето ИМАШ ПРОМО КОД? и внесете го уникатниот код во полето).
  6. Доколку имате ваучер кој сакате да го искористите, внесете го кодот во полето КОД НА ВАУЧЕР
  7. Пополнете ги сите полиња за лични податоци
    (овие податоци автоматски се попонуваат доколку сте регистриран корисник на MY:TIME Клубот за лојајност)
    (доколку треба да направите измена на некој од податоците кликнете на копчето ПРОМЕНА НА ПОДАТОЦИ ВО ПРОФИЛОТ)
  8. Одберете начин на достава: 
    - PostExpress MK (достава до вашата адреса)
    - Click&Collect (подигнување на нарачката од MY:TIME продажен салон по ваш избор)
  9. Одберете начин на плаќање 
    - Плаќање со електронска картичка на веб
    - Плаќање во готово при достава
    - Плаќање со електронска картичка при достава - Mastercard, Maestro, American Express, VISA, Diners Club (овозможено плаќање до 12 рати со Diners) 
  10. Внесете забелешка (ова поле не е задолжително)
  11. Прочитајте ги и согласете се со Условите за користење и продажба
  12. Потврдете ја нарачката со клик на копчето ПОТВРДИ

*За да купиш онлајн на сајтот на MY:TIME не е задолжително да си регистриран корисник во MY:TIME Клубот за лојајност.
Но, за да ги искористиш сите попусти и поволности, задолжително е да се регистрираш за прв пат, а потоа да се најавуваш при секое купување.

 

ДЕТАЛНИ ЧЕКОРИ ЗА КУПУВАЊЕ ОНЛАЈН НА WWW.MYTIME.MK

Избор на производи

Во горниот дел на веб страната се наоѓа мени со категории на производи. Со клик на саканата категорија ќе ви се отвори страна со производи од категоријата која сте ја одбрале. Од левата страна се наоѓаат сите филтри, а со клик на еден или повеќе филтри ќе го добиете посакуваниот резултат од прикажани производи.
Ако не знаете во која категорија припаѓа производот кој ве интересира, може да го искористите полето за пребарување кое се наоѓа во горниот десен агол. Во ова поле можете да впишете бренд, шифра или назив.
Кога ќе ви се прикаже групата на производи кои ве интересираат, дополнителните информации за секој производ може да ги погледнете со клик врз фотографијата од производот. Изберете боја (доколку има избор) и ставете го во кошничка со клик врз копчето ДОДАДИ ВО КОШНИЧКА.

Кошничка

Производите во МОЈА КОШНИЧКА може да ги погледнете во секое време со клик на сликата со кошничка во горниот десен агол од страната. Може да додадете повеќе производи во кошничката. Производите кои ги додадовте во кошничката може поединечно да ги извадите од неа со клик на копчето за бришење од кошничката (✕) на соодветниот производ.

Нарачување на производите од кошничката

Ако не сте регистрирани на сајтот, неопходно е да се регистрирате за да ги искористите сите попусти и поволности.
Може да нарачате и без регистрација со пополнување на следните полиња:

- Име и презиме

- Е-меил адреса и контакт телефон

- Место и поштенски број

- Улица и број

Користење на промо код

Доколку имате промо код кој сакате да го искористите треба да кликнете на ИМАШ ПРОМО КОД? ИСКОРИСТИ ГО И ЗАШТЕДИ, да го внесете промо кодот во означеното поле и да кликнете на ИСКОРИСТИ ПОПУСТ.

Користење на MY:TIME ваучер

Доколку имате ваучер кој сакате да го искористите сѐ што треба да направите е да го внесете кодот во полето кај КОД НА ВАУЧЕР.

Адреса за достава

Доколку сте најавени со вашиот профил, можете да изберете нарачката да ви биде доставена на адресата од вашиот профил или на друга адреса (во овој случај внесувате детали за адресата на која сакате да пристигне нарачката). Доколку пак не сте најавени, внесете ги потребните податоци и адресата на која сакате да пристигне нарачката.

Избор на начин на достава

Може да одберете:

- PostExpress MK (достава до внесената адреса)
- Click&Collect (подигнување на нарачката од MY:TIME продажен салон по ваш избор)

Избор на начин на плаќање

Може да одберете:

- Плаќање со електронска картичка на веб
- Плаќање во готово при достава
- Плаќање со електронска картичка при достава - Mastercard, Maestro, American Express, VISA, Diners Club (овозможено плаќање до 12 рати со Diners)

Успешна нарачка

Со клик на копчето ПОТВРДИ ќе ви се прикаже известување за успешно направена нарачка.
На е-меил адресата која ја оставивте ќе ви пристигне потврда за нарачаните производи, а по обработката на нарачката ќе добиете и дополнителни информации на истата е-меил адреса.

За сите дополнителни прашања можете слободно да нé контакирате на contact@mytime.mk или на +389 70 914000 .