FAQ

РЕДОВНА ДОСТАВА ДО АДРЕСА

  • Доставата до адреса е бесплатна за нарачки над 600 ден. 
  • За нарачки помали од 600 ден., доставата се наплаќа 150 ден.
  • Рокот на испорака е од 3 до 5 работни дена.

ДОСТАВА ВО ИСТ ДЕН ЗА СКОПЈЕ

  • Достапна за нарачки направени до 16 часот во работни денови.
  • Важи за производи кои се достапни во Скопје и треба да се достават на адреса во Скопје.
  • Нарачката се доставува истиот ден кога е направена, до 20 часот. 
  • За нарачки над 7.000 ден. овој начин на достава е бесплатен, а за нарачки до 7.000 ден. цената е 250 ден.

ВАЖНО:

  • При подготовка, нарачаниот производ заедно со соодветните документи (фактура, упатство за употреба и гаранција за часовници) се пакуваат во картонска кутија за пратки, која се затвора со посебна MY:TIME самолеплива трака која обезбедува дека производот во текот на неговото патување нема да биде отворан. Откако пратката е комплетно подготвена од наша страна, истата се предава на куририте од службата за достава. Од оваа точка натаму, гаранцијата за безбедноста на пратката е самолепливата трака MY:TIME со која е затворена картонската кутија. Доколку производот пристигне со скината или одлепена самолеплива трака, те молиме во присуство на курирот за достава јави се во нашиот Контакт Центар на 15 150.
  • Пратката се враќа во MY:TIME во оној случај кога курирската служба нема да успее да стапи во контакт со вас при доставата. Откако пратката ќе биде вратена, ќе бидете исконтактирани за причината за неподигање на нарачката, со можност за повторен договор за испорака.
  • Со цел да се упрости и олесни процедурата за достава на производот, бидете достапни на телефон и обезбедете лице кое ќе биде присутно на адресата која сте ја навеле при online нарачката.

На постоечкиот попуст кој е директно пресметан на производите на сајтот, не е можно додавање на дополнителен процент на попуст.
Само ако си член на MY:TIME Клубот за Лојалност и со нивото на членство ти следува попуст повисок од веќе постоечкиот, имаш право да го искористиш поголемиот попуст. 

Купон со парична вредност (КУПОН ЗА ПОДАРОК ​​MY:TIME) може да се купи во која било продавница на MY:TIME или на нашата веб-локација.

Повеќе за купоните можете да најдете на: https://www.mytime.mk/vauceri

Цените, како и податоците за достапност на производите на сајтот на MY:TIME се секогаш точни и навремени.
Промената на податоците е во реално време, еден клик на refresh на пребарувачот е доволен да ја прикаже реалната слика за производот за кој си заинтересиран/а.

Рокот за испорака на пратка низ цела Македонија е од 3 до 5 работни денови од првиот работен ден по денот на правење на нарачката. Доставата на пратка ја прави курирска служба Eco Logistic Service (ELS) до адресата која е наведена при online нарачката. Подетално за доставата на пратките почитај на овој линк.

Испорака во ист ден постои само за град Скопје. Прочитај повеќе за условите на овој линк.

Доколку си веќе регистриран член во MY:TIME Клубот за Лојалност, потребно е да се најавиш на веб сајтот за да го активираш твојот кориснички профил онлајн. Стори го тоа следејќи ги овие 3 чекори:

1. Оди на www.mytime.mk и кликни на копчето “ПРОФИЛ”
2. Внеси ја твојата е-меил адреса со која си регистриран/а во клубот за лојалност
    *Доколку не ја помниш е-меил адреса со која се имаш регистрирано, контактирај не на 070 914 000 или на contact@mytime.mk 
3. Следи ги чекорите низ кои ќе те води системот

По овие чекори, твојот кориснички профил е успешно активиран и поврзан со членството во клубот за лојалност кое веќе го имаш. Уживај во купувањето!

Попустите се директно пресметaни на производите и прикажани на сајтот на MY:TIME. Со купувањето онлајн или во продажен салон го добивате соодветно прикажаниот попуст. На постоечкото намаление на производот не е можно додавање на дополнителен процент на попуст.
Но, доколку си член на MY:TIME Клубот за Лојалност и со нивото на членство ти следува попуст повисок од оној на кој веќе е производот за кој си заинтересиран, имаш право да го искористиш поголемиот попуст.
За добивање на попусти сега и во иднина, прочитај ги правилата за членство во MY:TIME Клубот за Лојалност и регистрирај се. 

Замена на производ може да се направи во рок од 30 дена од купувањето, со фискална сметка (односно фактура за онлајн нарачки), само доколку производот е во исправна / неоштетена состојба, која ја утврдува вработен во MY:TIME. Овие три услови се задолжителни.

Доколку немаш фискална сметка, истата е изгубена или производот кој сакаш да го замениш е добиен на подарок, можеш да извадиш копија во Управа за Јавни Приходи. За копија од фискалната сметка, потребно е да се обратиш во Генералната дирекција на УЈП со писмено барање доставено преку архивата на УЈП, за издавање на копија на оригинална фискална сметка.

Ако производот за кој си заинтересиран го гледаш на сајтот на MY:TIME, тогаш биди сигурен дека истиот е достапен.
Достапноста, при поединечно разгледување на производите на сајтот на MY:TIME, можеш да ја дознаеш со клик на копчето ПРОВЕРИ ДОСТАПНОСТ”. Со кликањето на ова копче излистани ќе бидат продажните салони во кои е достапен производот за кој си заинтересиран.

За да купите онлајн на веб-локацијата MY:TIME следете ги овие едноставни чекори:
1. Одете на www.mytime.mk
2. Најавете се или регистрирајте се ако сакате да користите попуст при секое купување (ова е опционално)
3. Погледнете ја понудата и изберете го производот што ви се допаѓа
4. Додадете ги избраните производи во количката со кликнување на ДОДАЈ ВО КОШНИЧКА.
5. Одете во МОЈАТА КОШНИчка (горе десно)
6. Напишете ги потребните информации за испораката до АДРЕСАТА ЗА ДОСТАВА, за нарачки со или без регистрација
7. Во ИСПОРАКА И ПЛАЌАЊЕ, изберете го начинот на плаќање
8. ДАЛИ ИМАТЕ ПРАШАЊА? напишете го прашањето или коментарот (ова е изборно))
9. Потврдете ја нарачката. Пред да потврдите, задолжително прочитајте ги Условите за користење и продажба.

За да се регистрираш во MY:TIME Клубот за Лојалност, следни ги овие 6 чекори:

  1. Оди на www.mytime.mk и кликни на копчето ПРОФИЛ
  2. Во формата која ќе се отвори внеси е-меил адреса со која сакаш да се регистрираш, потоа кликни на копчето "РЕГИСТРИРАЈ СЕ"
  3. Во формата која ќе се отвори внеси ги потребните податоци и кликни на копчето "РЕГИСТРАЦИЈА"
  4. Откако ќе се појави порака за успешен почеток на процесот на регистрација, провери го своето е-меил сандаче
  5. Отвори ја е-меил пораката која ја доби од нас и кликни на линкот во неа. Ако пораката не е стигната, провери во Spam или Junk.
  6. Откако ќе кликнеш на линкот, ќе се прикаже страна за потврда за успешно завршен процес на регистрација.

По овие чекори, твојот кориснички профил е успешно креиран. Уживај во купувањето!

Пратката ќе биде дотавена до онаа адреса која е последно специфицирана. 
Адресата која е запишана на електроската фактура е онаа адреса која е внесена при регистрација и креирање на корисничкиот профил на сајтот на MY:TIME.

Доколку при онлајн нарачката е специфицирана нова адреса, пратката ќе биде доставена до новата адреса.
Доколку при онлајн нарачката не е специфицирана нова адреса тогаш пратката ќе биде доставена до онаа адреса која е иницијално внесена.

Да, вршиме замена на ремчиња и батерии. Сервисирањето на секој часовник е уникатно.
Доколку имаш прашања поврзани со сервисирање на твојот часовник слободно може да ги упатиш на contact@mytime.mk или да ни се јавиш на +389 70 914000 од понеделник - петок од 09:00h - 17:00h. Сервисот на MY:TIME се наоѓа во Скопје, Бул. 8-ми Септември бр.3, лам. 4, лок. 4

Да, нудиме услуги со кои сервисираме производи кои не се застапени во нашето портфолио. Сервисирањето на секој часовник е уникатно.
Доколку имаш прашања поврзани со сервисирање на твојот часовник слободно може да ги упатиш на contact@mytime.mk или да ни се јавиш на +389 70 914000 од понеделник - петок од 09:00h - 17:00h. Сервисот на MY:TIME се наоѓа во Скопје, Бул. 8-ми Септември бр.3, лам. 4, лок. 4

Да. Сервисирањето на секој часовник е уникатно.
Доколку имаш прашања поврзани со сервисирање на твојот часовник слободно може да ги упатиш на contact@mytime.mk или да ни се јавиш на +389 70 914000 од понеделник - петок од 09:00h - 17:00h. Сервисот на MY:TIME се наоѓа во Скопје, Бул. 8-ми Септември бр.3, лам. 4, лок. 4

Секој член на клубот се стекнува со ниво на членство во клубот, односно процентуален попуст во однос на потрошената сума.
Со текот на твоите направени купувања, во соодветниот временски рок, се здобиваш со повисоко ниво на членство, односно повисок процентуален попуст.Додатно, со членство во MY:TIME Клубот за Лојалност добиваш бесплатна достава до твојата адреса при секое онлајн купување.
Останатите поволности (беџови, подароци и дополнителни попусти) за MY:TIME Клубот за Лојалност поопширно можеш да ги прочиташ тука.