За нас

MY:TIME е компанија со семејна традиција од 1920-та година за продажба, дистрибуција и сервисирање на високо квалитетни часовници и накит. Нашите брендови на часовници и накит се застапени во 12 продажни места во Скопје, Тетово, Куманово, Гостивар, Битола, Струга и Кавадарци, како и на други 15 локации преку наши партнери.

Ексклузивни застапници и дистрибутери сме за часовници и накит од брендовите: Fossil, Skagen, Emporio Armani, Michael Kors, DKNY, Diesel, Casio, Edifice, G-Shock, Sheen, Jacques Lemans, Cerruti 1881, Police, Daniel Wellington, Guess, Sector No Limits, Morellato и Nautica.

На задоволство на нашите клиенти располагаме со сопствен сервис предводен од професионалци за сервис на часовници и накит од брендовите кои ги застапуваме. Покрај ова вршиме и сервисирање на часовници кои не се дел од нашето портфолио.