Блог

DREAM TEAM: ЛЕТО & ВОДООТПОРНОСТ

21.07.2020.

 

Здраво, еве ме пак со гостински пост на блогот на MY:TIME!
Се надевам дека ќе ви се допадне денешната тема, а тоа се моите омилени водоотпорни часовници за ова лето.

Летото ми е омилен период од годината, и обожавам во своите летни модни комбинации да додавам спортски часовници.
Не знам дали ќе се соглсите со мене, но спортските часовници даваат добар summerish vibe.

Зошто одбрав да зборам за водоотпорни часовници денес? Затоа што мене важно ми е часовникот кој го носам да биде отпорен на вода додека миjам раце, во случај да заборавам да го извадам додека се туширам, а и за други повозбудливи работи за кои може да прочитате подоле.
 

| Дознај повеќе за за водоотпорноста на часовниците што ти се допаѓаат на овој блог пост со кратко упатство за употреба и одржување |
 

Stylish пример за часовник со 3 BAR водоотпорност се овие Skagen часовници кои ги има во повеќе бои, што верувам дека ќе ви биде тешко да одберете една омилена. 3 BAR = 3 ATM = Дозволено случајно прскање со капки вода, но не и потопување во вода.

Најтешко од се ми беше да изберам еден омилен од новите часовници на Superdry! Cамо да знаете колку добри дизајни имаше... особено ми се допадна тоа што машките може да се важат и како унисекс. Јас сум од оние кои сакаат машки часовници многуууууу!

Верувам дека ќе се согласите со мене штом ги погледнете моделите. Овие имаат малку поголема водоотпорност од Skagen.

5 BAR = 5ATM = Дозволено миење раце, дожд, влага, но не и потопување во вода

И за крај секогаш најомилените, G-Shock.
Имаат водоотпорнот до
20 BAR, а тоа значи нуркање! Потврдувам за ова, бидејќи уживав нуркајќи заедно со мојот G-Shock Skeleton во Охрид. 
20 BAR = 20 ATM = Погоден за рекреативно нуркање (нуркање на здив)


| Ако сакаш да уживаш во секакви активности - избери фраерски часовник кој ќе ти го овозможи тоа |
| Дознај повеќе за водоотпорност и не заборавај да ги читаш спецификациите при правење на изборот |

Остави коментар

Слични статии

12.
Feb.
2024.
Блог
ОВОЈ ВАЛЕНТАЈН ЈА СЛАВИМЕ РАЗЛИЧНОСТА СО СТИЛ