БЕСПЛАТНА ДОСТАВА НАД 600 ден
WE NEVER CLOSE - SHOP ONLINE

Политика за директен маркетинг

Оваа Политика за директен маркетинг појаснува како ние, Друштво за трговија и услуги ВОЧ ИД ДООЕЛ Скопје, во својство на Контролор на лични податоци (во понатамошниот текст: MY:TIME) ги обработуваме Вашите лични податоци за целите на директен маркетинг.

Концептот на директен маркетинг ја опфаќа секоја комуникација, остварена преку кои било средства за презентирање маркетинг-материјал или рекламирање,која е насочена кон одредено физичко лице.

MY:TIME ги користи и обработува Вашите лични податоци за целите на директен маркетинг за испраќање на месечен билтен, информации за нови производи и услуги, специјални понуди и промоции преку е-маил, смс и Viber.

Доколку сакате да ги добивате овие информации потребно е да се пријавите на некој од следните начини:

  • со пополнување на полињата за регистрација на нов корисник во делот ,,Профил” поддел ,,Регистрација” и селектирање на квадратчето ,,Се согласувам да добивам известувања преку е-маил, смс и Viber во согласност со Политиката за директен маркетинг”.
  • со пополнување на полињата за зачленување во MY:TIME Клубот за лојалност, во делот ,,Зачлени се” поддел ,,Регистрација” и селектирање на квадратчето ,,Се согласувам да добивам известувања преку е-маил, смс и Viber во согласност со Политиката за директен маркетинг”.
  • со пополнувањето на полето за праќање на електронско издание од нашиот билтен во делот ,,Пријави се за NEWSLETTER” По добивањето на Вашето барање, Ви се испраќа повратна е-маил порака за потврда на регистрацијата на е-маил адресата внесена во делот ,,Пријави се за NEWSLETTER”.

 

Секое лице кое се согласило за користење на неговите лични податоци за цели на директен маркетинг има право во секое време, бесплатно и со користење на едноставни средства да ја повлече дадената согласност на некој од следните начини:

 

  • со отселектирање на квадратчето ,,Се согласувам да добивам известувања преку е-маил, смс и Viber во согласност со Политиката за директен маркетинг” во делот ,,Профил” поддел ,,Регистрација” и во делот ,,Зачлени се” поддел ,,Регистрација”.
  • со кликнување на опцијата ,,Unsubscribe”  која опција се наоѓа на крајот на страницата на секоја порака испратена до корисникот за цели на директен маркетинг.

 

Друштвото за трговија и услуги ВОЧ ИД ДООЕЛ Скопје ја почитува Вашата приватност и во таа насока обезбедува строги политики преку користење на софистицирани практики и процедури за заштита на личните податоци. Повеќе информации за Вашите права за заштита на личните податоци можете да прочитате во Политиката на приватност и заштита на личните податоци.