Гаранција за производ- часовник

Секој купен часовник во MY:TIME поседува гаранција од 2 (две) години, која важи од денот на купување на истиот. Гаранцијата се однесува на фабричките недостатоци на механизмот на часовникот во однос на квалитетот и исправното функционирање, при користење во нормални услови.

Гаранцијата не се однесува на куќиштето, стаклото, ремчето, додатоците, батеријата, механичките оштетувања, оштетувања настанати од вода, од хемиски средства, топлина, оган или мраз, изложеност на електромагнетно поле или статичен електрицитет, од несоодветно користење, негрижа и неправилно одржување, обиди за неовластени поправки, нормално абење од износеност, губење, злоупотреба или кражба од било кој вид.

Го задржуваме правото да ја откажеме гаранциската одговорност доколку часовникот го отворило или оштетило неовластено лице.

Гаранцијата може да се реализира исклучиво во гаранциски рок, со приложување на производот кој е предмет на рекламацијата, правилно заверен гаранциски лист и оригинална фискална сметка.

Потрошувачот ги има сите законски права кои произлегуваат од националното законодавство кое ја регулира продажбата на производите. Овие права не се загрозени со гаранцијата. За се што не е нагласено во гаранцискиот лист, важат одредбите од Законот за заштита на потрошувачите.

*Чувајте ја гаранцијата и сите документи што сте ги добиле заедно со часовникот!

*Оваа гаранција е валидна за сервисирање само во земјата каде е купен производот!