.png.webp)
*За време на coronavirus пандемијата, се обидуваме доставата на пратката да е што побезбедна. Прочитај ги чекорите кои ги преземаме тука.
Доставата на пратката не се плаќа. Целосните трошоците за достава на пратката ги покриваме ние. Ти само уживаш во деновите додека ја чекаш.
На постоечкиот попуст кој е директно пресметан на производите на сајтот, не е можно додавање на дополнителен процент на попуст.
Само ако си член на MY:TIME Клубот за Лојалност и со нивото на членство ти следува попуст повисок од веќе постоечкиот, имаш право да го искористиш поголемиот попуст.
Вредносен ваучер (MY:TIME GIFT VOUCHER) може да се купи во било кој продажен салон на MY:TIME или пак онлајн преку веб сајтот.
Дознај повеќе за ваучерите на следниот линк.
Цените, како и податоците за достапност на производите на сајтот на MY:TIME се секогаш точни и навремени.
Промената на податоците е во реално време, еден клик на refresh на пребарувачот е доволен да ја прикаже реалната слика за производот за кој си заинтересиран/а.
Рокот за испорака на пратка низ цела Македонија е од 3 (три) до 5 (пет) работни денови од моментот на телефонската потврда на податоците. Доставата на пратка ја прави курирска служба (Post Express) до адресата која е наведена при online нарачката. Подетално за доставата на пратките почитај на овој линк.
*За време на coronavirus пандемијата, курирските служби работат со намален капацитет, а зголемен обем. Затоа молиме за трепение, те уверуваме дека ќе направиме се што е во наша моќ да ги задоволиме твоите потреби.
Доколку си веќе регистриран член во MY:TIME Клубот за Лојалност, потребно е да се најавиш на веб сајтот за да го активираш твојот кориснички профил онлајн. Стори го тоа следејќи ги овие 3 чекори:
1. Оди на www.mytime.mk и кликни на копчето “ПРОФИЛ”
2. Внеси ја твојата е-меил адреса со која си регистриран/а во клубот за лојалност
*Доколку не ја помниш е-меил адреса со која се имаш регистрирано, контактирај не на 070 914 000 или на contact@mytime.mk
3. Следи ги чекорите низ кои ќе те води системот
По овие чекори, твојот кориснички профил е успешно активиран и поврзан со членството во клубот за лојалност кое веќе го имаш. Уживај во купувањето!
Попустите се директно пресметaни на производите и прикажани на сајтот на MY:TIME. Со купувањето онлајн или во продажен салон го добивате соодветно прикажаниот попуст. На постоечкото намаление на производот не е можно додавање на дополнителен процент на попуст.
Но, доколку си член на MY:TIME Клубот за Лојалност и со нивото на членство ти следува попуст повисок од оној на кој веќе е производот за кој си заинтересиран, имаш право да го искористиш поголемиот попуст.
За добивање на попусти сега и во иднина, прочитај ги правилата за членство во MY:TIME Клубот за Лојалност и регистрирај се.
*За време на coronavirus пандемијата, замената на производи е отежната. Но, истата може да се изврши доколку производот за замена и фактурата, во временски пропшаниот рок, лично го донесете до претставништвото на MY:TIME, за утврдување на неговата исправност.
Замена на производ може да се направи во рок од 15 дена од купувањето, со фискална сметка (односно фактура за онлајн нарачки), само доколку производот е во исправна / неоштетена состојба, која ја утврдува вработен во MY:TIME. Овие три услови се задолжителни.
Доколку немаш фискална сметка, истата е изгубена или производот кој сакаш да го замениш е добиен на подарок, можеш да извадиш копија во Управа за Јавни Приходи. За копија од фискалната сметка, потребно е да се обратиш во Генералната дирекција на УЈП со писмено барање доставено преку архивата на УЈП, за издавање на копија на оригинална фискална сметка.
Ако производот за кој си заинтересиран го гледаш на сајтот на MY:TIME, тогаш биди сигурен дека истиот е достапен.
Достапноста, при поединечно разгледување на производите на сајтот на MY:TIME, можеш да ја дознаеш со клик на копчето “ПРОВЕРИ ДОСТАПНОСТ”. Со кликањето на ова копче излистани ќе бидат продажните салони во кои е достапен производот за кој си заинтересиран.
Купувањето онлајн на сајтот на MY:TIME се состои од неколку лесни чекори:
Уживај во моментите додека производот е доставен до твојата адреса!
За да се регистрираш во MY:TIME Клубот за Лојалност, следни ги овие 6 чекори:
По овие чекори, твојот кориснички профил е успешно креиран. Уживај во купувањето!
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
На која адреса да ја очекувам пратката?
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Пратката ќе биде дотавена до онаа адреса која е последно специфицирана.
Адресата која е запишана на електроската фактура е онаа адреса која е внесена при регистрација и креирање на корисничкиот профил на сајтот на MY:TIME.
Доколку при онлајн нарачката е специфицирана нова адреса, пратката ќе биде доставена до новата адреса.
Доколку при онлајн нарачката не е специфицирана нова адреса тогаш пратката ќе биде доставена до онаа адреса која е иницијално внесена.
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Потребно ми е ново ремче / батерија. Дали вршите замена?
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
*За време на coronavirus пандемијата, примањето на часовници за сервис е одложено.
Да, вршиме замена на ремчиња и батерии. Сервисирањето на секој часовник е уникатно.
Доколку имаш прашања поврзани со сервисирање на твојот часовник слободно може да ги упатиш на contact@mytime.mk или да ни се јавиш на +389 70 914000 од понеделник - петок од 09:00h - 17:00h. Сервисот на MY:TIME се наоѓа во Скопје, Бул. 8-ми Септември бр.3, лам. 4, лок. 4
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Часовникот ми е расипан, но не е купен во MY:TIME. Дали може да го сервисирате?
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
*За време на coronavirus пандемијата, примањето на часовници за сервис е одложено.
Да, нудиме услуги со кои сервисираме производи кои не се застапени во нашето портфолио. Сервисирањето на секој часовник е уникатно.
Доколку имаш прашања поврзани со сервисирање на твојот часовник слободно може да ги упатиш на contact@mytime.mk или да ни се јавиш на +389 70 914000 од понеделник - петок од 09:00h - 17:00h. Сервисот на MY:TIME се наоѓа во Скопје, Бул. 8-ми Септември бр.3, лам. 4, лок. 4
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Часовникот ми е расипан. Дали вршите сервис?
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
*За време на coronavirus пандемијата, примањето на часовници за сервис е одложено.
Да. Сервисирањето на секој часовник е уникатно.
Доколку имаш прашања поврзани со сервисирање на твојот часовник слободно може да ги упатиш на contact@mytime.mk или да ни се јавиш на +389 70 914000 од понеделник - петок од 09:00h - 17:00h. Сервисот на MY:TIME се наоѓа во Скопје, Бул. 8-ми Септември бр.3, лам. 4, лок. 4
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Што добивам со членство во клубот за лојалност?
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Секој член на клубот се стекнува со ниво на членство во клубот, односно процентуален попуст во однос на потрошената сума.
Со текот на твоите направени купувања, во соодветниот временски рок, се здобиваш со повисоко ниво на членство, односно повисок процентуален попуст.
Додатно, со членство во MY:TIME Клубот за Лојалност добиваш бесплатна достава до твојата адреса при секое онлајн купување.
Останатите поволности (беџови, подароци и дополнителни попусти) за MY:TIME Клубот за Лојалност поопширно можеш да ги прочиташ тука.