Блог

G-SHOCK и Gorillaz

20.12.2018.

 

Годинава ja прославуваме 35 годишнината од постоењето на G-Shock. На наша среќа, како и визуелно и сензорно задоволство, G-Shock има направено колаборација со бендот кој се карактеризира како "Најуспешниот Виртуелен Акт во Светот" - Gorillaz

Ова партнерство е спојка на два иновативни, истакнати ентитети кои го обновуваат класичниот дизајн на G-Shock 5600 (првиот дизајниран G-Shock од инжинерот и основачот Mr. Kikuo Ibe) и му додаваат уникатна искра. 

Колаборацијата има родено модел инспириран од иконичната силуета на 5600, но со посебен црн тон на лицето на моделот (DW-5600HRGRZ-1E), црвени акценти на задната страна и LCD дисплеј кој го прави часовникот енергичен и впечатлив. 

 

Ова фраерско парче оди во пакет со промо код за преземање на специјална Gorillaz Remix трака, а ние ви подаруваме и Gorillaz маичка. 

Остави коментар

Слични статии

12.
Feb.
2024.
Блог
ОВОЈ ВАЛЕНТАЈН ЈА СЛАВИМЕ РАЗЛИЧНОСТА СО СТИЛ