Блог

ГРИЖЕТЕ СЕ ЗА ВАШИОТ ЧАСОВНИК, КАКО ШТО И ТОЈ СЕ ГРИЖИ ЗА ВАС

23.01.2018.

Како што часовникот се грижи за нас секој моемнт од денот, така и ние треба да се грижиме за него. Во прилог ви даваме 6 совети кои се надеваме дека ќе ви помогнат.

1. Чистете го часовникот повремено

Земете парче мека ткаенина и избришете го ремчето и куќиштето на часовникот. Така ќе спречите да се наталожува нечистотијата.

2. Редовно носете го часовникот на сервис

Доволно е да го носите часовникот на сервис на секои 2 години. Така ќе му го продолжите животниот век на вашиот часовник.

3. Избегнувајте магнети

Не го доближувајте часовникот до магнети. Може да се поместат стрелките на часовникот и да влијае на механизмот.

4. Редовно проветрувајте го часовникот

Без разлика дали го носите часовникот секогаш на раката, или повремено го вадите, препорачливо е да го проветрувате. Извадете го од раката и оставете го на суво и по можност ладно место, половина час. Доволно е да го проветрувате часовникот 2 пати во месецот.

5. Чувајте го часовникот во кутија

Секој пат кога часовникот не е на вас, не го оставајте на отворено помеѓу други предмети. Чувајте го во кутија. На тој начин тој ќе биде заштитен од надворешни влијанија.

6. Внимателно мијте ги рацете

Секој пат кога ги миете рацете, препорачливо е да го извадите часовникот. Водата која останува заробена помеѓу вашата рака и ремчето, честопати знае да прерасне во непријатна миризба или пак да собере додатна нечистотоија.

Остави коментар

Слични статии

12.
Feb.
2024.
Блог
ОВОЈ ВАЛЕНТАЈН ЈА СЛАВИМЕ РАЗЛИЧНОСТА СО СТИЛ