Блог

ОДБЕРЕТЕ ГО ВИСТИНСКИОТ НАКИТ СПОРЕД ВАШИОТ ЧАСОВНИК

22.01.2018.

Различни ситуации од нашето секојдневие, бараат различен изглед и однесување. Покрај гардеробата, која е клучен дел во изгледот, мораме да внесеме и малку накит. А со паметно одбран накит, нашиот изглед може целосно да се промени. Поготово ако накитот и часовникот совршено си одговараат.

Доколку Ви е потребен елегантен изглед, а имате часовник со челично ремче, потрудете се да одберете накит со дискретна големина, но висок сјај. Како што се Guess UBE83059 обетките. Со високиот сребрен сјај и Сваровски елементи ќе направат да блескате до крајот на денот.

 

 

 

 

 

 

 

За секојдневен изглед, одберете накит кој не е преголем, но и не премногу сјаен. Како што е Skagen SKJ1063040 Agnethe. Оваа огрлица е изработена од челик со сребрена боја и Сваровски елементи. Совршено ќе се вклопи со секојдневниот часовник на Вашата рака.

За тренди изглед, големината на накитот не е повеќе важна. Одберете го сјајот кој Ви се допаѓа и материјалот кој најдобро Ви прилега. Just Cavalli JCBA00170200 Log е алката која ќе Ви одговара со се. Изработена е од челик и циркони. Со својот златен сјај ќе направи да бидете впечатлива каде и да сте.

Остави коментар

Слични статии

12.
Feb.
2024.
Блог
ОВОЈ ВАЛЕНТАЈН ЈА СЛАВИМЕ РАЗЛИЧНОСТА СО СТИЛ