Блог

Преку креативна енергија и дизајн за оние на кои им е потребна помош

06.07.2017.

Добриот дизајн е во срцето на асортиманот на производи во MY:TIME. Секој часовник и секое парче накит е создадено од креативната енергија и идеја која живее во дизајнерите.

MY:TIME како македонски бренд и ланец за продажба на часовници и накит од светски познати брендови го препознава и талентот на нашите локални дизајнери. Уникатен е стилот на Ind.o.g - арт директор, графички дизајнер и илустратор, кој е инспириран од секојдневието на ова поднебје. Заедно со него решивме да создадеме Tote торби за кои Ind.o.g добротворно направи специјален дизајн, а ние ги испечативме и ги поставивме во нашите продажни салони во ГТЦ, Сити Мол и Рамстор за да бидат поблиску до вас.

Како општествено одговорна компанија, MY:TIME одлучи средствата од продажбата на овие Tote торби да ги донира на www.donacii.mk на луѓе и институции кои имаат вистинска потреба од помош. Оваа акција се спроведува во соработка со здружението Хуманост Без Граници.

Сакаме да придонесеме кон создавањето на здрава популација, среќни деца, силно и функционално општество, како и институции кои во целост ги опслужуваат пациентите. Приклучете ни се!

Да донираме на оние кои им е потребна нашата помош и заедно вистински да им помогнеме!

Донирајте со купување на прекрасно дизајнирана Tote торба! Торбите може да ги најдете во продажните салони на MY:TIME во ГТЦ, Рамстор и Сити Мол, по симболична цена од 300 денари.

Остави коментар

Слични статии

12.
Feb.
2024.
Блог
ОВОЈ ВАЛЕНТАЈН ЈА СЛАВИМЕ РАЗЛИЧНОСТА СО СТИЛ