Блог

Уживајте во моментот со часовниците Edifice

09.08.2017.

Edifice се луксузни часовници кои се произведуваат од страна на јапонската компанија Casio.

Спектарот на часовници од овој бренд се движи од основни хронограф модели до модели на часовници кои поседуваат компјутеризирани механизми. Многу Edifice часовници имаат функција за соларно напојување, што значи дека батериите се полнат со помош на соларната енергија. Посовремените модели се приматели на сигнали, односно функциите кај овие модели се местат автоматски со помош на радио сигнали.

Концептот на брендот

Технологиите кај часовниците стануваат сѐ понапредни, на чело со брендот Edifice. Мултифункциските и хронограф модели од овој бренд активно ги следат промените кај електронските технологии.

Edifice прави комбинација од динамички форми со перфектен дизајн, и обезбедува уникатни и оригинални искуства произведени од различностите на рацете кои ги носат овие часовници. Овие карактеристики ги носат хронограф часовниците во нови димензии и постојано се откриваат нови можности.

Дизајн на часовниците

Смели и фасцинантни форми со фини детали, во комбинација со едноставен стил кој ја истакнува важноста на металот, создаваат производи кои имаат јасно дефиниран идентитет.

Секој прототип на часовник се произведува врз основа на скица која е направена во CAD и 3D Printer. Тогаш концептот за смел дизајн го добива својот првичен изглед.

Остри и зачудувачки големи индекси се дел од бројчаникот на часовникот. Масивното моделирање со прави линии помага на секој модел поединечно да го зацврсти своето присуство.

Врвен квалитет

При изработката на часовниците се користат различни материјали со цел да можат часовниците да го понудат најдобриот квалитет. Високите технологии за обработка во комбинација со занаетчиските вештини овозможуваат на крај да се произведе часовник со врвен квалитет.

По обликувањето на нерѓосувачкиот челик, прецизноста во производството е од круцијално значење за да се добие формата со смел дизајн.

Часовниците Edifice ја препознаваат вредноста на брзината и времето и се наменети за оние кои живеат во моментот. Доколку и вие сакате да го извлечете максимумот од секој миг, тогаш посетете некој од нашите продажни салони во Скопје, Куманово, Тетово, Гостивар, Битола, Кавадарци и Струга или пак кликнете тука.

Остави коментар

Слични статии

24.
Dec.
2019.
Блог
MY:TIME Magazine #8
15.
Dec.
2019.
Блог
Моменти за нас.
15.
Dec.
2019.
Блог
Моменти за нас.
string(0) ""
string(0) ""