Блог

WATERCOLOR

24.02.2021.

Вода, пастелни бои и прочистена естетика. #МоментиЗаНас серијалот продолжува со ново расположение и поинаков изглед. Им ја отстапуваме сцената на Александра (@aaaesthete) и Борјана (@bor.jana), да ве одведат малку подлабоко во нивниот новосоздаден свет.

Александра и Борјана: Втората фотосесија од серијалот #МоментиЗаНас е директно инспирирана од G-Shock. Овој пат, си играме со стаклени форми и вметнуваме вода како главен, но паралелно суптилен, елемент, за да ја истакнеме водоотпорноста на часовникот.

Александра: Потребно беше да се донесе вода на сетот, по што се одлучивме за аквариум со златни рипки и други стаклени садови кои ќе го надополнат просторот и ќе ја балансираат композицијата.

Борјана: Kонцептот со вода и палетата на бои се инспирирани од пастелнo розoвиот G-Shock GMD-B800SU-4E, а фотосесијата ја нарековме “Watercolor”. Иако зборот сам по себе веќе си има одредено значење, за нас има малку поинакво, и претставува симбиоза на сите елементи од оваа фотосесија.

Александра: Облеката на Борјана е избрана со цел да одговара на часовникот, а позадината е бела за да дојдат до израз нежните тонови на сите елементи. Во пост продукцијата е посветено поголемо внимание на „колорот“, за да се добијат поладни тонови и да се добие контрастот на сината и портокаловата боја.

Борјана: Кога станува збор за G-Shock, не можам да го класифицирам и не мислам дека само една дефиниција би била соодветна. Дефинитивно, не би го ставила во една категорија, затоа што за мене G-Shock припаѓа во сите категории истовремено и можам да го носам во било која прилика, на било кој настан, со било каква облека. Мислам дека со ова би се согласиле сите љубители на овој бренд.

Борјана: Моментално имам 3 G-Shock часовници, кои ги делам со брат ми и наизменично ги носиме. На повидок е нов „edition“ на G-Shock колекцијата, за кој баш се радувам.

Остави коментар

Слични статии

12.
Feb.
2024.
Блог
ОВОЈ ВАЛЕНТАЈН ЈА СЛАВИМЕ РАЗЛИЧНОСТА СО СТИЛ