Блог

- ГРИЖИ СЕ ЗА ТВОЈОТ ЧАСОВНИК -

24.03.2020.

 

Ако си страсен љубител или имаш барем еден часовник кој те служи, грижи се за него како што тој се грижи за тебе. Еве неколку базични совети кои може да ти помогнат како да го направиш тоа:

ЧИСТИ ГО ЧАСОВНИКОТ

После неколку или после секое носење, е твој избор :)
Земи парче мека ткаенина и избриши го ремчето и куќиштето на часовникот. Така ќе спречиш наталожување на нечистотија.
Ако сакаш да го дезинфицираш, внимавај, бидејќи дезинфектантот може и ќе предизвика дисколорација и оштетување на материјалот.

ВНИМАВАЈ ПРИ МИЕЊЕ НА РАЦЕТЕ

Ако го носиш часовникот додека ги миеш рацете, биди внимателен/на. Препорачливо е да го извадиш, бидејќи водата која останува заробена помеѓу твојата рака и ремчето, честопати знае да прерасне во непријатна миризба или пак да собере додатна нечистотоија.

ИЗБЕГНУВАЈ МАГНЕТИ

Пробај да не го доближуваш часовникот до магнети. Магнетното поле влијае врз способноста на часовникот некомпромитирано да го мери времето. Ако неговото балансното тркало се магнетизира, неговите стрелки ќе се поместат и механизмот ќе успори или престане со работа.  

ПРОВЕТРУВАЈ ГО ЧАСОВНИКОТ

Можеби звучи смешно, но безразлика дали непрекинато го носиш или правиш поголеми паузи при носење на еден ист часовник, препорачливо е да го проветруваш. Остави го на суво и по можност ладно место по половина час, не повеќе од 2 пати во месецот.

ЧУВАЈ ГО ЧАСОВНИКОТ ВО КУТИЈА

Секој пат кога часовникот не е на тебе, не го оставај на отворено помеѓу други предмети каде што е изложен на надворешни влијанија. 
Чувај го во кутија или место наменето за осетливи предмети. 

Ако ти се наоѓа слободно време и сакаш да импровизираш, погледни тука за инспирација за тоа како можеш сам/а да си направиш кутија за часовници :)

Остави коментар

Слични статии

12.
Feb.
2024.
Блог
ОВОЈ ВАЛЕНТАЈН ЈА СЛАВИМЕ РАЗЛИЧНОСТА СО СТИЛ