ДОБИЈ FOSSIL НЕСЕСЕР ЗА НАКИТ!
ИЗНЕНАДУВАЊА НА УЛ. МАКЕДОНИЈА!
FREE SHIPPING - БЕСПЛАТНА ДОСТАВА
WE NEVER CLOSE - SHOP ONLINE
Блог

Edifice – синоним за брзина и елеганција

24.02.2017.

Креирајќи го својот имиџ преку производство нa моќни спортски часовници, Edifice стана еден од најпознатите брендови. Класичниот и на моменти елегантен дизајн, како и неверојатните карактеристики и перформанси ги издвојуваат овие часовници од останатите. Часовниците на Edifice се направени со основни хронограф механизми, а моделите од последните колекции имаат и компјутеризирани перформанси. Некои од овие часовници функционираат со помош на батерии кои се напојуваат од соларна енергија, и тие може да траат до 10 години. Оправдувајќи ја мотивацијата на брендот за „брзина и интелигенција“, Edifice пред неколку години се приклучи како спонзор на тркачкиот тим на Red Bull.

Остар дизајн

Бидејќи се работи единствено за машки колекции на часовници, Edifice часовниците се дизајнирани прецизно. Дизајнот за двете кругчиња во внатрешноста од куќиштето е инспириран од тркалата на спортските коли. Дискретниот соларен панел помага при напојувањето на часовниците со енергија и со тоа овозможува непречено функционирање.

Привлечен изглед

Секој Edifice часовник има привлечен и прекрасен изглед. Моделите кои имаат куќиште и ремче изработено од нерѓосувачки челик изгледаат гламурозно, додека пак оние модели кои имаат кожни ремчиња изгледаат елегантно. Убаво прикажаните под-функции и стрелките во склоп на куќиштето причинуваат задоволство за секој. Покрај кожни ремчиња, во асортиманот на брендот Edifice има и ремчиња изработени од гума и челик.

Разновидни функции

Цел сет од различни функции се достапни кај овие часовници. Најпознати и најкорисни функции се: Bluetooth, дигитален компас, отпорност на удари, годишен календар, карта на светот и напојување со соларна енергија. Сите овие функции придонесуваат за интеграција на часовникот и го прават погоден за носење.

Bluetooth функцијата е додадена кај Edifice часовниците и овозможува тие да се поврзуваат со мобилни телефони. Со оваа функција многу лесно може да се пренесуваат податоци од мобилен телефон на часовник. Дигитален компас е едноставна функција, но високо квалитетниот компас ја олеснува насоката на движење на корисникот. Дигиталните компаси користат магнетно поле за да обезбедат точни и прецизни информации. Батеријата која функционира со помош на соларно напојување е уште една квалитетна функција кај Edifice часовниците. Со овие квалитетни батерии, часовникот нема потреба
редовно да се полни. Овие часовници имаат соларен панел кој добива енергија од дневната светлина. Годишниот календар прикажува датум, ден и месец. Функцијата нормално го прилагодува и прикажува датумот, во зависност од тоа дали месецот има 30 или 31 ден. На овој систем му е потребно еднаш годишно да се намести точниот датум. Со соединувањето на овие активни и модерни функционалности, Edifice часовниците остануваат едни од најпосакуваните помеѓу љубителите на часовници.

Остави коментар

Trenutno nema komentara

Слични статии

17.
Sep.
2020.
Блог
#Новитети
14.
Sep.
2020.
Блог
#МоментиЗаНас
string(0) ""
string(0) ""