ЗАМЕНА НА РОБА / ВРАЌАЊЕ НА РОБА

Враќање и замена на производи купени ОНЛАЈН


Доколку Вашиот производ е купен преку нашата веб-страница, можете да го вратите во рок од 15 дена од датумот на прием на нарачката за рефундација на средства, а замена за друг модел можете да направите во рок од 30 дена од денот на купувањето. Производите кои ги враќате мора да бидат неоштетени, неупотребувани и спакувани во своето оригинално пакување, придружени со фактурата и гарантниот лист/ упатството за употреба.

Производите можете да ги вратите бесплатно во било кој продажен салон на MY:TIME (локациите може да ги видите ТУКА), со приложување на артиклите и онлајн фактурата на каса. По прифаќање на повратот, средствата ќе бидат вратени на Вашата трансакциска банкарска сметка во рок од 5 работни дена. Ве потсетуваме дека за онлајн нарачки во ниту еден случај не е возможно рефундирање на средствата во готовина.

Доколку не сте во можност да посетите некој од нашите продажни салони, производите од онлајн нарачките можете да ги испратите преку брза пошта по Ваш избор, на Ваш сопствен трошок и одговорност. Спакуваниот пакет се испраќа на адреса: ДТУ ВОЧ ИД ДОО, ул. Гоце Николовски бр. 74, Скопје. По приемот на пратката, нашиот тим ќе ја провери состојбата на производот и ќе Ве контактира пред да се процесира рефундацијата или замената.

 

Враќање и замена на производи купени во ПРОДАЖЕН САЛОН


Доколку производот е купен директно во некој од нашите продажни салони, можете да го вратите во рок од 15 дена од денот на купувањето за рефундација на средства, а замена за друг модел можете да направите во рок од 30 дена од денот на купувањето. Производот кој е предмет на поврат или замена може да го однесете во било кој продажен салон на MY:TIME, без разлика од кој продажен салон бил купен првично.

За да се реализира повратот или замената, производот мора да биде целосно неоштетен, неупотребуван, без какви било траги на користење, спакуван во неговата оригинална амбалажа и придружен со сите оригинални документи кои сте ги добиле на каса, пред сè фискалната сметка и гарантниот лист.