УПАТСТВО ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА НАКИТ

Накитот не подлежи под гаранција со оглед на тоа што е подложен исклучиво на механички оштетувања од корисникот и нормално износување (wear and tear).

 

Грижете се за својот накит како би го заштитиле од гребење, дамки и други оштетувања за да биде секогаш убав и сјаен.

 

По секое носење, вратете го накитот во оригиналната кутија која сте ја добиле при купување. Така ќе го
заштитите од гребење, дамки и други оштетувања. Не ставајте повеќе од едно парче накит во истата кутија.
Накитот собира разни нечистотии, маснотии и епителни клетки, бидејќи доаѓа во допир со кожата. За да остане секогаш убав и сјаен и да не ја смени бојата, на накитот му е потребно редовно одржување. За чистење секогаш користете сува, мека ткаенина. Ако е потребно, избришете го нежно со влажна мека ткаенина, а потоа темелно исушете го со сува мека ткаенина. Никогаш немојте да користите хартија и средства за чистење.
Избегнувајте контакт на накитoт со сапун, лосион, парфем, лак за коса или какво и да е хемиско средство, избелувач и слично, додека го носите накитот. Сите тие содржат хемиски средства кои го оштетуваат. Накитот ставајте го секогаш после нанесување на шминката.
Извадете го накитот пред секое туширање, влегување во море, базен, сауна и слично. Избегнувајте да го потопувате накитот во вода. Особено не користете врела вода, сушач на пареа или ултразвучен апарат за чистење на накитот.
Извадете го накитот пред секоја физичка активност која може да доведе до механичко оштетување или до прекумерно потење кое може да влијае на изгледот на накитот. Агресивната пот влијае врз сјајот и трајноста на накитот, бидејќи со сушењето на потта врз накитот се собираат електролитите од потта.
Не го изложувајте накитот на екстремни температури, особено не подолго време на директно сонце, затоа што некои материјали можат да избледат. Никогаш не оставајте накит во автомобил.
Пред спиење извадете го накитот, за да не дојде до механички оштетувања.
Имајте во предвид дека накитот го менува својот сјај и изглед со интензивно дневно користење, па доаѓа до абење, износеност и стареење.

Иако накитот е изработен од висококвалитетен материјал, во ретки случаи кај некој од хиперсензитивните корисници може да се појави реакција на кожата. Затоа, секој корисник на накитот сам ја носи одговорноста за алергиските реакции кои би можеле да се појават, познавајќи ја сопствената здравствена состојба. Ниту една од дадените информации нема за цел да биде медицински совет.