Право на откажување / враќање на роба

Откако курирот ќе ви ја достави пратката, во негово присуство веднаш проверете го производот и доколку на него има видливи оштетувања или производот не е во согласност со вашата нарачка, побарајте не` на телефонскиот број 02 3126 468 или испратете ни e-mail со своите податоци (име, презиме и телефон) на адреса contact@mytime.mk и наведете ги причините поради кои сакате да направите замена, односно, враќање на производот. Контактирајте не` најдоцна во рок од 24 часа од приемот на пратката. Во најкраток можен рок, нашиот оператор ќе ве извести за понатамошната постапка.

Производот може да го вратите или замените во рок од 15 дена од денот на напарвената нарачка. Производот мора да бидe неоштетен и неупотребуван, запакуван во неговата оригинална амбалажа, придружен со сите оригинални документи кои сте ги добиле заедно со производот (фискална сметка/ фактура, гаранциски лист и др.). Така подготвен и запакуван, на сопствен трошок, можете да го вратите производот во MY:TIME на адреса: ДТУ ВОЧ ИД ДООЕЛ, Ул.Орце Николов Бр. 98/1-5; 1000 Скопје.

По приемот на производот проверуваме дали производот е оштетен или користен, а потоа ви испраќаме соодветна замена.

Доколку кај купениот производ се појават недостатоци врзани за одредбите од Законот за заштита на потрошувачи, постапете на начин дефиниран со правилникот за рекламации на потрошувачи за роба купена преку интернет продавница, кој заедно со пополнет рекламационен лист треба да го пратите на адресата contact@mytime.mk

Враќање на средства на купувачот, без оглед на причината за враќање, online продавницата MY:TIME има обврска да го изврши исклучиво на трансакциската сметка која гласи на име на нарачателот, односно, корисникот на картичката со која било извршено плаќањето , односно на лицето на чие име била изготвена фактурата.