Оваа страница ја дополнува нашата Политика на приватност (https://www.mytime.mk/mk/politika-na-privatnost) и објаснува што се случува со пораките, коментарите и рецензиите што ни ги пишувате на социјалните мрежи, како и со разговорите со нашиот автоматски асистент (чатбот) на Messenger и Instagram.
Контролор на личните податоци
Друштво за трговија и услуги ВОЧ ИД ДОО Скопје (MY:TIME), ул. Гоце Николовски бр. 74, Скопје. ЕМБС 6174485. Е-пошта: contact@mytime.mk.
Офицер за заштита на лични податоци: Драгана Крстевска, тел. 077/737-653, dragana@mytime.mk.
Кои податоци ги обработуваме
Кога ни пишувате порака на Facebook Messenger, Instagram или WhatsApp, кога коментирате на наша објава или оглас, или кога оставате рецензија на Google за наша продавница, ги обработуваме:
Не бараме податоци за платежни картички во пораки и не ги користиме пораките за огласување.
Автоматски асистент (чатбот) на Messenger и Instagram
Кога ни пишувате на Facebook Messenger или Instagram, прво може да Ви одговори нашиот автоматски асистент. Тоа е компјутерска програма, а не човек. Одговорите ги пишува јазичниот модел Gemini на Google, врз основа на нашиот каталог, цените и акциите, листата на продавници и нашите правила за купување, гаранција и сервис.
Нашите вработени ги гледаат разговорите со асистентот и можат да се вклучат во секое време.
Зошто
Правен основ: нашиот легитимен интерес да одговориме на пораките што ни ги испративте и, кога пораката се однесува на нарачка, замена или рекламација, исполнување на договорна или законска обврска.
Кој ги гледа
Само вработените во нашата служба за поддршка на корисници и овластени лица од раководството, преку внатрешни апликации на MY:TIME со најава. Тоа важи и за разговорите со автоматскиот асистент. Пораките се чуваат на серверите на MY:TIME во Скопје.
Обработувачи
Податоците не ги продаваме и не ги споделуваме со други трети лица.
Колку долго
1 година по последната порака во разговорот. Ако разговорот е дел од нарачка, замена или рекламација, се чува онолку колку што е наведено за тие случаи во нашата Политика на приватност (точки 9.4.1, 9.4.8, 9.4.9). Рецензиите на Google и нашите одговори на нив остануваат јавни на Google додека Вие или ние не ги избришеме таму. Привремената меморија на асистентот, со која го следи тековниот разговор, се брише по 24 часа. Резимето за член на MY:TIME CLUB се брише кога ќе побарате или кога нема да имате разговор со асистентот 1 година.
Вашите права
Имате право на пристап, исправка, бришење, ограничување на обработката, приговор и преносливост. Како да побарате бришење е објаснето на https://www.mytime.mk/mk/brisenje-na-podatoci. Можете да побарате и копија од она што автоматскиот асистент го памети за Вас. Барањата ги решаваме најдоцна во рок од 30 дена.
Малолетни лица
Не собираме намерно податоци од лица под 18 години. Родител или старател може да побара бришење на legal@mytime.mk.