Гаранција на часовник

ОВЛАСТЕН СЕРВИС:

ВОЧ - ИД ДООЕЛ СКОПЈЕ

Бул. “8-ми Септември” бр.3/лам.4 лок.4, Карпош

Контакт: 070 914 000 (секој работен ден од 9 до 17 часот)

 

Секој купен часовник во MY:TIME поседува гаранција од 2 (две) години, која важи од датумот на купување на истиот.

Накитот и кожната галантерија не подлежат под гаранција со оглед на тоа што се подложни исклучиво на механички оштетувања од корисникот и нормално износување (wear and tear).

 

Гаранцијата на часовниците се однесува на фабричките недостатоци на механизмот на часовникот во однос на квалитетот и исправното функционирање, при користење во нормални услови.

Гаранцијата на часовниците не се однесува на:

  • Куќиштето, круната, стаклото, ремчето, ланецот и додатоците бидејќи истите се подложни на кршење при удар, оштетување на бојата настанато од вода, од хемиски средства, од топлина, од оган или од мраз.
  • Батеријата, која претставува потрошен материјал;
  • Механичките оштетувања;
  • Изложеност на електромагнетно поле или статичен електрицитет кои можат да доведат до поместување на стрелките на часовникот и да влијаат на механизмот;
  • Несоодветно користење, негрижа и неправилно одржување, обиди за неовластени поправки, нормално абење од износеност, губење, злоупотреба или кражба од било кој вид.

 

Рокот во кој ќе постапиме по барањето на корисникот за гаранцијата за отстранување на дефектите и недостатоците изнесува максимум 30 дена (ЗЗП, член 48). За поправки вон гарантниот рок, купувачот може да се обрати кај нашиот овластен сервис.

Гаранцијата може да се реализира исклучиво во гаранцискиот рок, со приложување на производот кој е предмет на рекламација, правилно заверен гаранциски лист и оригинална фискална сметка или фактура.

Потрошувачот ги има сите законски права кои произлегуваат од националното законодавство кое ја регулира продажбата на производите. Овие права не се загрозени со гаранцијата. За се што не е нагласено во гаранцискиот лист, важат одредбите од Законот за заштита на потрошувачи.

Чувајте ја гаранцијата и сите документи што сте ги добиле заедно со часовникот!

Гаранцијата која ја добивте со часовникот е валидна за сервисирање само во земјата каде е купен производот!

Го задржуваме правото да ја откажеме гаранциската одговорност доколку часовникот го отворило или оштетило неовластено лице.