Блог

Елегантни и современи со часовниците на Skagen

10.01.2017.

Светот на часовниците е полн со бројни брендови, од дизајнерски до спортски модели за секојдневна употреба, технолошки најнапредни модели. Но, изборот на часовник кој не е само убав на прв поглед, туку е издржлив и функционален, не е лесна работа. Во преполниот пазар со часовници, моделите од брендот Skagen се совршениот одговор. Познат по својот дизајн кој се одликува со уникатни куќишта, часовниците од овој бренд се достапни за мажи и за жени со елегантен и современ стил.

Skagen е име кое сè повеќе станува познато во модната индустрија како лидер во функционалната практичност и луксузниот дизајн. Познат по тоа што има повеќе од стотина модни дизајни, како и комплетна линија на модни додатоци, овој бренд не престанува да изненадува и креира возбуда кај своите обожаватели.

Овие часовници се познати и по високото ниво на флексибилност. Во понудата на машки и женски часовници во својот асортиман, Skagen го претставува уникатниот дански стил и изглед кој постојано е близу до најактуелните трендови ширум светот. Како што модата континуирано се менува секоја сезона, така и моделите со основни функционалности креираат можност да се прикаже безвременскиот дизајн кој има и практична употреба.

Основниот дизајн кај овие часовници е исклучително комплексен, иако на прв поглед изгледа многу едноставен. Поголем дел од часовниците на Skagen се изработени од висококвалитетни материјали, вклучувајќи ја и најдобрата природна кожа која е достапна на пазарот. Овие материјали додаваат уникатна привлечност кај секој модел, а од друга страна и ја зголемуваат издржливоста кај секој часовник.

Некои часовници дизајнирани од оваа компанија во својот дизајн имаат повеќе функции како што се датум, ден во неделата или стоперка. Конкретно овие модели припаѓаат во модата од повисок ранг и се доста популарни помеѓу европските аристократи и други формални членови на општеството кои знаат дека часовник за секојдневна употреба е совршен моден додаток за било каква активност или пригода.

Платформата Ancher е една од најпопуларните платформи на Skagen часовници. Овие модели имаат чисти линии и броеви кои лесно се читаат и изгледаат едноставно, а многу модерно. Без разлика дали се работи за бојата на куќиштето или ремчето, ситните модни детали додадени околку куќиштето или пак бојата и обликот на стрелките, секој од овие модели во себе носи дизајн инспириран од крајбрежјето на градот Скаген. Сите часовници, без разлика дали се работи за машки или женски модел, на суптилен начин го привлекува вниманието од околината. Со помош на изгледот и функционалноста кај овие часовници, се создава нов, модерен и софистициран стил. Вниманието посветено на деталите при изработката на секое парче овозможува преку дизајнот совршено да се зборува јазикот на Skagen. Ремчињата изработени од висококвалитетен нерѓосувачки челик или природна кожа, прават секој часовник да биде уникатен, а со тоа и доволно моќен да зборува за вас и вашиот стил.

Сите модели од овие часовници достапни во MY:TIME можете да ги погледнете на овој линк или пак да посетите некој од продажните салони во Скопје, Тетово, Гостивар, Битола, Кавадарци и Куманово.

 

Остави коментар

Слични статии

26.
May.
2017.
Блог
Ништо не ја прави една жена поубава од вистинските модни додатоци и добрата шминка“ вели нашиот лојален клиент Фросина Ангеловска од модното студио ФРА...
25.
May.
2017.
Блог
Автомобили и часовници, звучат како одличен пар, нели? Запознајте се со Андреја, основач на CARclub.mk, колекционер на часовници и наш драг клиент. &nb...
08.
Feb.
2017.
Блог
Diesel часовниците се насекаде добро познати како неодоливи модни додатоци, а доколку и вие посакувате часовник од овој бренд ќе бидете позитивно изненадени....