Блог

УПАТСТВО ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА НАКИТ

01.06.2021.
  • По секое носење, врати го накитот во оригиналната кутија која ја доби при купување. Така ќе го заштитиш од гребење, дамки и други оштетувања. Не ставај повеќе од едно парче накит во истата кутија.

 

  • Накитот собира разни нечистотии, маснотии и епителни клетки, бидејќи доаѓа во допир со кожата. За да остане секогаш убав и сјаен и да не ја смени бојата, на накитот му е потребно редовно одржување. За чистење секогаш користи сува, мека ткаенина. Ако е потребно, избриши го нежно со влажна мека ткаенина, а потоа темелно исуши го со сува мека ткаенина. Никогаш не користи хартија и средства за чистење.

 

  • Избегнувај контакт на накитот со сапун, лосион, парфем, лак за коса или какво и да е хемиско средство, избелувач и слично, додека го носиш накитот. Сите тие содржат хемиски средства кои го оштетуваат. Накитот ставај го секогаш после нанесување на шминката.

 

  • Извади го накитот пред секое туширање, влегување во море, базен, сауна и слично. Избегнувај да го потопуваш накитот во вода. Особено не користи врела вода, сушач на пареа или ултразвучен апарат за чистење на накитот.

 

  • Извади го накитот пред секоја физичка активност која може да доведе до механичко оштетување или до прекумерно потење кое може да влијае на изгледот на накитот. Агресивната пот влијае врз сјајот и трајноста на накитот, бидејќи со сушењето на потта врз накитот се собираат електролитите од потта.

 

  • Не го изложувај накитот на екстремни температури, особено не подолго време на директно сонце, затоа што некои материјали можат да избледат. Никогаш не оставај накит во автомобил.

 

  • Пред спиење извади го накитот, за да не дојде до механички оштетувања.

 

  • Имај во предвид дека накитот го менува својот сјај и изглед со интензивно дневно користење, па доаѓа до абење, износеност и стареење.

Остави коментар

Слични статии

12.
Feb.
2024.
Блог
ОВОЈ ВАЛЕНТАЈН ЈА СЛАВИМЕ РАЗЛИЧНОСТА СО СТИЛ