Блог

Хумани и среќни, MY:TIME и Руки Чуки

06.12.2017.

Добриот дизајн е во срцето на асортиманот на производи во MY:TIME. Секој часовник и секое парче накит е создадено од креативната енергија и идеја која живее во дизајнерите. MY:TIME го препознава и талентот на нашите локални дизајнери, и во соработка со нив заедно создаваме дизајнирани парчиња кои се продаваат со цел да се соберат средства кои ги донираме во хуманитарни цели.

Во оваа втора по ред хуманитарна акција, ни се придружи Руки Чуки, со големо срце и љубов кон оние на кои им е потребна помош. Руки ни направи многу кул дизајн за да направиме прекрасни беџови кои секој ќе посака да ги вклопи во својот имиџ. 

 

Приклучи се!

Донирај со купување на овие прекрасно дизајнирани беџови кои може да ги најдеш во продажните салони на MY:TIME во ГТЦ, Сити Мол, Рамстор, Палма мол и Битола по симболична цена од 300 денари.

Средствата собрани од продажба на овие беџови се донираат секој месец на www.donacii.mk.

 

Остави коментар

Слични статии

12.
Feb.
2024.
Блог
ОВОЈ ВАЛЕНТАЈН ЈА СЛАВИМЕ РАЗЛИЧНОСТА СО СТИЛ