Блог

DIESEL DOUBLE DOWN

09.11.2017.

Diesel Double Down часовникот располага со чисти и едноставни линии со цел да ви даде префинет додаток во комбинација со секоја облека. Одличен часовник со основни карактеристики. Идеален е за секојдневно носење и, како и другите Diesel часовници, неверојатно е издржлив.

Часовникот е специјално дизајниран за оние луѓе кои ја ценат извонредната изработка и елегантниот изглед кај своите часовници. Со своите уникатни карактеристики, како квалитетната конструкција и задебелена графика, овој модел сака да го претстави успешниот живот, алтернативното размислување и бунтовниот стил.

Овој часовник на Diesel има неколку карактеристики кои ги привлекуваат љубителите на часовниците. Куќиштето е изработено од нерѓосувачки челик, ремчето е кожно, а тоа го прави овој часовник уште поатрактивен. Дијаметарот на куќиштето е 46 милиметри, а дебелината е само 11 милиметри. Водоотпорен до 10 BAR, минерално стакло и кварцниот механизам го прават Diesel Double Down подготвен да стане нов тренд во овој момент.

Остави коментар

Слични статии

12.
Feb.
2024.
Блог
ОВОЈ ВАЛЕНТАЈН ЈА СЛАВИМЕ РАЗЛИЧНОСТА СО СТИЛ