Блог

EDIFICE со функционалност во која ќе се заљубите

07.11.2017.

Соларно напојување, нерѓосувачки челик и Bluetooth за поврзување со паметен телефон. Можеби склопот на сите овие работи ви звучи чудно, но штом го ставите овој часовник на вашата рака, веднаш ќе ја разберете убавината на овие функции. 

Популарната компанија Casio нуди поврзување на часовникот со својот паметен телефон, но наместо футуристички изглед на часовникот, го имаме веќе познатиот и префинет изглед на часовниците од брендот Edifice.

Зборуваме за фантастичен стилски дизајн од челик со 5 надворешни кочиња. Со тежина од 199 грама, во моментот кога ќе го ставите часовникот на својата рака, ќе го почувствувате квалитетот.

Тој е исто така и светски часовник кој може да го прикаже времето на многу градови.

Тука е и опцијата Tough Solar која ја претвора сончевата светлина во енергија за вашиот Casio Edifice. Но технологијата се наоѓа од левата страна. Со притискање на само едно копче, се активира технологијата на Bluetooth. Корисниците можат да ја превземат апликацијата Casio Watch + за iPhone и Android и да пристапат до особините и поставувањата на уредот.

Една од корисните алатки на оваа технологија е подесувањето на времето на часовникот во однос на вашиот телефон. На пример, кога патуваме и кога ќе пристигнеме на локација во различна временска зона, времето на нашиот телефон се менува кога телефонот се поврзува со локалната мобилна мрежа. На овој начин, вашиот часовник ќе се прилагоди на вашиот телефон и повеќе нема да има потреба да го подесувате часовникот одново и одново.

Освен тоа што можете да одберете прикажување на време на повеќе од 300 градови, можете да поставите аларми и да ги прилагодите поставките на стоперката. Податоците од вашиот Casio часовник може да се пренесат на вашиот паметен телефон и да креираат дневник до 100 записи. Постои и опција да го користите вашиот Edifice за да го пронајдете вашиот паметен телефон, односно телефонот да емитува звуци со цел полесно да го најдете.

Покрај сите улоги на мобилната апликација Casio Watch +, таа е и целосен водич низ овој часовник, кој на прв поглед може да делува малку комплицирано.

Со сите свои карактеристики, Casio Edifice EQB-500D-1A го комбинира чувството на класичен часовник со некои прачтични можности на паметни телефони. Сето тоа го прави овој часовник функционален и стилски. 

 

 

Остави коментар

Слични статии

12.
Feb.
2024.
Блог
ОВОЈ ВАЛЕНТАЈН ЈА СЛАВИМЕ РАЗЛИЧНОСТА СО СТИЛ