Блог

Костумите на Ненад и Крис од Signori

23.05.2017.

Ненад и Крис креираат костуми по нарачка, дизјнирани по барани спецификации и мерки. Нивната компанија Signori работи по принципот дека уникатните костуми направени по нарачка треба да бидат достапни за сите мажи и жени. Клиенти им се луѓе кои сакаат да остават силен прв впечаток.

Кои се Signori и како започна вашата приказна?

Како луѓе со префинет вкус, се соочивме со проблем кој многумина од нас го имаат. Македонскиот пазар е лимитиран во поглед на машката мода. Тешко се наоѓа нешто уникатно, по светски стандарди, со убави матерјали и кроеви, а и онаму каде што има интересни парчиња, нема бројчиња за нас со атлетска градба. Или се тесни во рамената или се широки во струкот. Мојот проблем го делат многу момци во Македонија, меѓу кои и јас и мојот партнер Ненад Пантовиќ, па самата потреба не однесе до раѓањето на брендот “Сињори”. Почнавме со едно одело за нас, а побарувачката не доведе до идеа да го правиме тоа и за пошироката маса.

Што сѐ нуди Signori како услуга за своите клиенти?

Signori како компанија за веќе три години максимално го има проширено својот асортиман на производи. На самиот почеток изработувавме само кежуал блејзери, па како што растеше побарувачката така го зголемивме изборот и на своите производи. Денес Signori изработува скоро сé од машка гардероба по мерка. Денес ги имаме на располагање број еден материјалите за изработка на одела во светот “Scabal“. Од одела изработуваме спортски комбинации, бизнис и елегантни смокинг одела, кошули по мерка од дупло ткаен египетски памук, кожни чевли, кожни актовки и кожни машки паричници. Изработуваме и секаков вид на аксесоари односно украсни марамчиња, вратоврски, лептир машни и украсни манжетни.

Колку е оптималното време за изработка на еден костум?

Во Signori потребно време за изработка на едно одело изнесува од четири до пет недели. Секако во тој период правиме минимум две проби.

Споделете со нас убави моменти од проект кој верувате дека има најголемo влијание на вашата кариера.

Signori до сега има реализирано доста проекти и сите ни се еднакво драги. Еден од нив е Gentleman’s Ride настан кој е доста импресивен, се одржува секоја година, а од неодамна и во Македонија. Signori како компанија која што изработува исклучиво гардероба за мажи секако дека би ја подржала кампањата за поткревање на свеста околу здравјето на еден маж. Исто така, првото наше рекламно видео со Кире Лазаров остави доста голем и силен впечаток, не само во нашата држава туку и надвор од неа. Кире Лазаров е силен пример за многу млади луѓе во нашата држава како еден маж треба да изгледа и како треба да се однесува.

Од каде потекнува идејата за Signori Gentleman’s Club?

Сакавме да направиме нешто поразлично и мислам дека успеавме во тоа. Gentlemen’s Club е група на млади и успешни џентлмени кои воедно се и наши клиенти. Настанот се одржува еднаш во месецот на различна локација, се со цел да се оствари подобар нетворкинг преку кој се разменуваат бизнис идеи и мислења. Настанот е подржан како и секогаш од нашите спонзори Chivas Regal и Farel Cigar.

Опишете ни го вашиот стил во секојдневието и во специјални прилики. Дали секогаш носите часовник?

Се разбира дека јас и мојот партнер Крис поголемиот дел од времето сме во одело, секако кошула со соодветна вратоврска и украсно марамче. Слободно можам да кажам дека 99% од времето сум со часовник на раката.

Што мислиш, дали македонските мажи посветуваат доволно внимание на својот изглед?

Денес мажите посветуваат многу повеќе внимание на својот изглед за разлика од порано. Истото важи и за македонските мажи, особено за оние коишто редовно носат костуми.

Мажите не сакаат своето време да го трошат во трговски центри и продавници по потрага на идеалниот костум и доколку сепак го направат тоа ќе се најдат пред истиот проблем како и ние, лимитираност на македонскиот пазар во поглед на машката мода, непријатна гужва и редици пред соблекувалните. Никогаш нема да најдете костум што ќе ви стои подобро од костумот направен по ваша мерка.

Која е најпознатата личност за која сте правеле одело?

Кире Лазаров.

Кој е главниот моден додаток кој е неопходен за комплетен изглед на еден маж?

Часовник.

Остави коментар

Слични статии

12.
Feb.
2024.
Блог
ОВОЈ ВАЛЕНТАЈН ЈА СЛАВИМЕ РАЗЛИЧНОСТА СО СТИЛ