Blog

Моменти За Нас

12.06.2020.

 

Прочитај што сподели со нас Александра Трпеска - девојка за која не е потребен вовед!
Сигурно веќе ја знаеш по нејзиниот псевдоним Majestic, а позната е по нејзините стилски трансформации кои секој пат без исклучок се полн погодок, нејзината искреност и упорност и кул препораки. Приклучи ни се во приказната!
 

Здраво на сите!

Премиерно на блогот на MY:TIME, со нова содржина, посткарантински. Јас сум Алекс и драго ми е што ќе се дружиме во овој пост.

Јас сум од оние луѓе кои ги исполнуваат мали нешта, моменти и драги луѓе. Сакам да инспирирам и да бидам инспирирана, а тоа најчесто го доживувам од мојата околина. Инспирацијата е тесно поврзана со стилот, кој го градам секојдневно и го поврзувам со емоции... сепак тие се оние кои не движат секојдневно.

Стил, во вистинска смисла на зборот, за мене, е секогаш целосен кога дел од него се модните додатоци. Порано бев само зависник од носење часовници, но сега имам и нова љубов кон накитот, особено обетки. Еден од омилените брендови за обетки и алки ми е Just Cavalli.

Часовникот мене ме потсетува на времето и колку тоа брзо поминува, а воедно колку е важно за што е потрошено истото. Јас секогаш сум за квалитетно време поминато самa со себе. Сакам време во денот за да прочитам барем неколку страници од книга, блог или да преслушам добар подкаст.

Кога сме веќе кај времето, најслатко ми е гледам како поминува на мојот Rosefield часовник, кој секогаш кога го носам ми буди убави чувства. Верувам во тоа дека предметите ги поврзуваме со убави спомени!

Од најубави моменти за нас, го издвојувам овој! Нема подобро чувство и време од ова сега!

Кој е твојот омилен момент? Со кој моден додаток ги поврзуваш убавите моменти и го опишуваш твојот стил?

Те предизвикувам да го споделиш со нас и да го употребиш #МоментиЗаНас и таг на @mytime.mk!


 

Остави коментар

Trenutno nema komentara