Блог

Diesel се фокусира на квалитетот во новата колекција пролет 2017

31.03.2017.

Брендот Diesel континуирано се труди да создава производи со подобар квалитет, додека стилот го одржува на високо ниво. Колекцијата пролет 2017 содржи три платформи: Mr. Daddy 2.0, Rasp и Padlock, користејќи две главни приказни: Urbano и Light Leather. Оваа колекција содржи карактеристични часовници кои делуваат многу моќно, а истовремено се и класични. Уникатните часовници на Diesel се задолжително парче во гардероберот на секој маж. Urbano ја црпи инспирацијата од кубанските пури. Оваа колекција ги допира сите сетила и буди чувство на модерна носталгија. Карактеристичните стилови кои се однесуваат на трите платформи: Mr. Daddy 2.0, Rasp и Padlock, Urbano ги нагласува преку современите детали, како што се жолти кристали, полирани кожни ремчиња и детали кај куќиштата. Прочитајте подетално за секоја од платформите во продолжение:

Mr.Daddy 2.0

Часовниците Diesel од платформата Mr.Daddy 2.0 го одразуваат сигурниот и наметлив карактер на брендот. Голем и силен часовник, кој не се плаши од бои се главните карактеристики кај овие модели. Овие часовници не ги следат правилата за секојдневен дизајн, туку претпочитаат да отвораат нови можности секојпат кога е тоа можно.

RASP

За прв пат достапен во форма на хронограф часовник, Rasp ги содржи омилените детали како што е префинетото и асиметрично куќиште. Овие часовници имаат зголемена вредност поради круниците кои помагаат за давање на прецизни информации и максимизирањето на стилот на оној кој носи ваков тип на часовник.

Padlock

Имајќи го своето деби во пролетната колекција за 2017 година, овие часовници се издвојуваат и поседуваат дизајн на куќиште инспириран од компас, опремени се со хронограф функции кои придонесуваат за модерна елеганција и издржливост. Посетете некој од нашите продажни салони во Скопје, Тетово, Гостивар, Куманово, Кавадарци, Битола и Струга, или пак посетете ја нашата веб страна и уверете се зошто некој од овие Diesel часовници е вистинскиот избор за вас оваа пролет.

Остави коментар

Слични статии

12.
Feb.
2024.
Блог
ОВОЈ ВАЛЕНТАЈН ЈА СЛАВИМЕ РАЗЛИЧНОСТА СО СТИЛ