Достава на пратката

Доставата на пратка ја прави курир од “Делко” (“Delco”) до адресата која сте ја навеле при online нарачката. Доколку курирот не успее да ве пронајде на адресата која сте ја навеле, ќе бидете исконтактирани по телефон на бројот кој сте го оставиле при креирањето на нарачката и ќе можете да договорите нов термин и адреса на испорака. Доколку и при вториот обид курирот не успее да ве пронајде, пратката ќе биде вратена во MY:TIME. Откако пратката ќе биде вратена, ќе бидете исконтактирани за причината за неподигање на нарачката, со можност за повторен договор за испорака.

Со цел да се упрости и олесни процедурата на достава на производот, обезбедете лице кое ќе биде присутно за примање/ подигнување на нарачката на адресата која сте ја навеле при online нарачката.