Блог

Вработуваме Сметководител

09.01.2018.

Кандидатот треба да ги исполнува следните услови:

-          Високо образование – Економски факултет

-          Минимум 1 година работно искуство во областа на сметководство

-          Високо познавање на Microsoft Office

-         Одлично познавање на Англиски јазик (говорење и пишување)

-          Познавање на законските регулативи од областа

-          Претходно искуство во работа со Pantheon ERP ќе се смета за предност

Работни обврски:

-          Oбезбедување на усогласеност од правен, даночен и регулаторен аспект во доменот на сметководственото работење;

-          Обезбедување навременост, точност и корисност на даночните пријави;

-          Комуникација со банки и државни органи;

-          Управување на сметките за побарувања и обврски;

-          Дневна контрола на книжењето на трансакциите;

-          Пресметка и исплата на сите примања на вработените;

-          Изготвување статистички извештаи од доменот на сметководството;

-          Обезбедување комплетност и точност на подготвените извештаи и податоци;

-          Книжење на документи;

-          Креирање на фактури и сите пропратни финансиски документи;

-          Изработување и испраќање извештаи за извршени уплати од страна на комитенти;

-          Изготвување на калкулација по девизен заклучок и праќање известување до бренд менаџерите и координаторите на магацин за истата;

-          Проверка на податоците од увозни и извозни декларации;

-          Вршење на сите неопходни пресметки;

-          Вршење на други сметководствени и книговодствени задачи;

-          Следење на промените во соодветните законски регулативи;

Услови за работа:

-          Работно време:  понеделник до петок, 09:00 – 17:00ч.

Доколку сте чесна, културна и трудољубива личност која е подготвена да одговори на секојдневните предизвици на сметководственото работење, аплицирајте на следниот линк: https://www.mytime.mk/kariera

Ќе бидат исконтактирани единствено кандидатите кои ќе влезат во потесен избор.

Остави коментар

Слични статии

22.
May.
2018.
Блог
ВРАБОТУВАМЕ ПРОДАЖНИ АСИСТЕНТИ ВО СКОПЈЕ
16.
Mar.
2018.
Блог
MY:TIME Magazine издание број 4
02.
Mar.
2018.
Блог
Придржувај се до ова упатство и твојот накит долго ќе изгледа како нов.